Свет Свет Полицијата се судри со демонстрантите во Венецуела

Полицијата се судри со демонстрантите во Венецуела

Полицијата се судри со демонстрантите во Каракас кои се обидоа да дојдат до седиштето на изборната комисија со цел да побараат референдум за отповикување на претседателот Николас Мадуро.

Како што јавуваат локалните медиуми, полицијата употребила солзавец откако мала група демонстранти се обиде да го пробие полицискиот кордон.

Венецуелското собрание, во кое мнозинство има партијата која е опозиција на Социјалистичката партија на претседателот, вчера ја отфрли одредбата за вонредна состојба која ја прогласи Мадуро поради продлабочувањето на кризата во јужноамериканската држава.

Мандатот на претседателот Мадуро му истекува на 2019 години, а опозицијата после убедливата победа на парламентарните избори во декември минатата година, вети дека ќе најде начин да го смени во првата половина на 2016 година.

Пратениците при гласањето констатираа дека воведувањето на вонредна состојба го „продлабочува сериозното нарушување на уставниот и демократскиот поредок на Венецуела“ и оти Мадуро, со носењето на одлуката го игнорирал уставот.