Свет Европа Полиција во седиштето на партијата на Марин ле Пен

Полиција во седиштето на партијата на Марин ле Пен

Француската полиција врши истрага во седиштето на Националниот фронт во Париз за наводни злоупотреби на фондовите на Европската Унија, пишува „Гардијан“.

Од Европскиот парламент наведуваат дека врвот на партијата во периодот од 2011 до 2012 година партиските функционери ги плаќал од фондовите на ЕУ.

„Гардијан“ истакнува дека правилата на ЕУ наложуваат нивните фондови да се користат само за асистентите на европарламентарците.

Ле Пен ги негираше обвинувањата за измама и наведе дека целта на истрагата е уривање на нејзиниот кредибилитет во текот на кампањата.

Според анкетите, Ле Пен би можела да влезе во завршниот круг на француските претседателски избори во мај годинава.

Претходно таа го одби барањето да врати 300.000 евра од фондовите на ЕУ за кои Европскиот парламент наведе дека се несоодветно искористени.