Македонија Полицискиот час го прекршиле 42 лица

Полицискиот час го прекршиле 42 лица

Фото: МВР

МВР соопшти дека во изминатово деноноќие (27/28.04) на територијата на земјава биле фатени 42 лица што не го почитувале полицискиот час, односно забраната за движење. Притоа, 32 од нив биле приведени, а вторите биле легитимирани и против нив ќе бидат преземени мерки.

Во изминативе 24 часа на 53 лица им се издадени решенија за изолација, а 76 лица потпишале изјави за самоизолација.

Полициските контроли на лицата што се во изолација и самоизолација не откриле прекршители на овие мерки.