Македонија Полицискиот час од денеска наместо од 21 ќе започнува од 23 часот,...

Полицискиот час од денеска наместо од 21 ќе започнува од 23 часот, а воведен е и двонеделен карантин за патниците од Бразил и Индија

Фото: Суад Бајрами, Порталб.мк

Владата на 68. седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење наместо од 21 часот, ќе започнува од 23 часот и ќе трае до 05 часот наредниот ден.

„Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22.30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи. Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2,“ се вели во соопштението на Влада.