Свет Покренато обвинение против мајката која уби осум деца во Австралија

Покренато обвинение против мајката која уби осум деца во Австралија

Подигнато е обвинение за убиство против 37-годишната Мерсани Вориа, мајка на седум и тетка на едно од осумте убиени деца, чии тела полицијата ги пронајде пред два дена во градот Кернс во Северна Австралија.
Четири момчиња и четири девојчиња, на возраст од 18 месеци до 15 години, беа пронајдени со повеќе убодни рани, а со аутопсија ќе бидат утврдени причините за смртта.
Вориа, која, исто така, беше пронајдена со убодни рани, моментално се наоѓа во болница каде што се лекува од тешките повреди во пределот на градите.