Дописници Погребани загинатите полицајци од полошкиот регион

Погребани загинатите полицајци од полошкиот регион

Попладнево беа погребани тројцата припадници на полицијата од полошкиот регион, кои загинаа во вооружената престрелка во кумановско Диво Насље. На градските гробишта во Тетово, со државни и со воени почести, беше погребан 32-годишниот полицаец Сашо Самојловски од Тетово. На гробиштата во Брвеница, роднини, колеги и пријатели се простија од 32-годишниот Жарко Кузмановски од Брвеница, а во гостивараското село Зубовце беше погребан и 28-годишниот Ненад Серафимовски.

На погребните поворки учествуваа голем број граѓани, а присутни беа и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, директорот на УБК, Сашо Мијалков, директорот на БЈБ, Митко Чавков, и припадници на специјални единици.