Македонија Почувствуван земјотрес во југоисточните делови од земјава

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови од земјава

Послаб земјотрес бил почувствуван денеска напладне на југоистокот од земјава. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 130 километри југоисточно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил регистриран во 12 часот и 17 минути, а бил почувствуван во југоисточните делови од Републиката, со интензитет од три до четири степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.