Главна секција Почна вонредната седница на Ректорската управа на УКИМ

Почна вонредната седница на Ректорската управа на УКИМ

Во тек е вонредната седница на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на која студентите од „Студентски пленум“ и од Студентски парламент ги раскажуваат настаните поврзани со изборот за претседател на СПУКМ.

Деканите на факултетите при УКИМ даваат свои предлози како да се реши ситуацијата поврзана со изборот на новиот претседател, а „Студентски пленум“ бара изборите да се прогласат за неважечки.

Тие ја оспоруваат регуларноста на изборите бидејќи на гласањето немаше избирачки список, печати на гласачките ливчиња, паравани за тајно гласање, а избирачките кутии беа обложени со бели листови.

„Студентски пленум“ организираше протести пред зградата на Студентски парламент и пред платото на УКИМ во петокот, за да го изрази незадоволството од изборот на нов претседател на СПУКМ, но и за прекумерната употреба на сила од полицијата на денот на изборите.

Поради овие настани Ректорската управа во петокот закажа вонредна седница за денеска.