Дописници Почна постапката за смена на ректорот Жоглев

Почна постапката за смена на ректорот Жоглев

Битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ избира нов ректор. Вчера официјално почна постапката за избор на наследник на актуелниот ректор Златко Жоглев.

– Ректорската управа и Универзитетскиот сенат одржаа редовни седници. Една од точките на дневниот ред беше отворање постапка за избор на ректор на УКЛО. Според актите и усвоениот роковник за активности за избор на ректор, постапката треба да заврши до крајот на мај 2015 година – стои во информацијата од службата за односи со јавноста на Ректоратот во Битола.

Ректорот Златко Жоглев беше во два мандата прв човек на Универзитетот. Тој минатата недела беше спомнат и во „бомбата“ на опозицијата што се однесуваше на Битола.

А.Б.