Свет Европа Почна хашкиот процес против Хашим Тачи

Почна хашкиот процес против Хашим Тачи

Тачи во 2020 година се произнесе за невин и ги негираше обвиненијата, дека наводно ги таргетирал наводните непријатели на етничките Албанци, вклучително и Србите и Ромите. Тој тогаш поднесе и оставка од функцијата претседател

Фото: Koch / MSC - https://securityconference.org/mediathek/asset/hashim-thaci-1825-17-02-2018/, CC BY-SA 3.0 de, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=72279460

Пред Специјалниот суд за извршени воени злосторства на припадниците на Ослободителната војска на Косово (ОВК) денеска почна судењето на поранешниот командант на ОВК и поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи и уште тројца соучесници – команданти на поранешната ОВК.

Тој застанува на обвинителна клупа пред Хашкиот трибунал за воени злосторства и злосторства против човештвото, прогон, убиства и тортура во војната во 1998-1999 година.

Обвинението против Хашим Тачи беше поднесено во ноември 2020 година.

На првиот ден од судењето воведен говор ќе одржат обвинителите, а потоа во текот на неделата, воведен говор ќе имаат адвокатите на повеќе од 140 жртви, на кои судот им одобри да присуствуваат на судењето.

Тачи во 2020 година се произнесе за невин и ги негираше обвиненијата дека наводно ги таргетирал наводните непријатели на етничките Албанци, вклучително и Србите и Ромите. Тој тогаш поднесе и оставка од функцијата претседател.

Обвинителите, пак тврдат дека Тачи, кој го носеше прекарот „Змија“ за време на војната, е одговорен за повеќе од 100 убиства од страна на ОВК, од егзекуции до смрт на малтретирани затвореници.

Покрај Тачи, за извршени злосторства врз Албанци, Срби и Роми во Косово и во Албанија во 1998 – 1999 година обвинети се и членови на Главниот штаб на ОВК, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.