Подглавна секција Почна егзодус на Ерменците од Нагорно Карабах

Почна егзодус на Ерменците од Нагорно Карабах

Азербејџан пак порача дека сака да ги реинтегрира етничките Ерменци како „рамноправни граѓани“

Извор на мапа: en:User:Aivazovsky. Azerbaijan districts numbered.png, ArmeniaNumbered.png, Gg-map.png, and Iran map.png, Общественное достояние, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=1476455

Голем број етнички Ерменци денеска ги напуштаат своите живеалишта во енклавата Нагорно Карабах, која Азербејџан ја прогласи за своја територија, упатувајќи се кон Ерменија. Неколку илјади луѓе досега влегле во Ерменија, јави Би-Би-Си.

Тие почнаа да се упатуваат кон Ерменија, откако владата на оваа земја вчера објави план за преселување на луѓето што се оставени без кров над главата во борбите изминатава седмица. Во енклавата на територијата на Азербејџан живееја околу 120.000 етнички Ерменци, а ерменската влада предупреди дека оние што ќе останат во Нагорно Карабах може да се соочат со етничко чистење.

Азербејџан пак порача дека сака да ги реинтегрира етничките Ерменци како „рамноправни граѓани“.

Сепак, пишува Би-Би-Си, бегалците што заминуваат не веруваат дека ќе бидат безбедни под азербејџанска власт и не очекуваат дека кога било ќе може да се вратат во своите домови.