Свет Почина детето што полицијата го застрела поради пиштол-играчка

Почина детето што полицијата го застрела поради пиштол-играчка

Момчето посегнало по играчката, но полицијата не успеала да препознае дека станува збор за играчка

Почина 12-годишното момчето што полицијата во Кливленд го застрела откако извадил играчка, реплика на воздушен пиштол, јавуваат американските медиуми.

Инцидентот се случи во саботата, кога непознато лице ја информирало полицијата дека некој мавтал со пиштол на игралиштето во рекреативниот центар „Кадел“.

Полицајците стрелале во 12-годишното момче откако тоа одбило да ги дигне рацете и посегнал по појасот во кој имал нешто што личело на револвер.

Подоцна се покажало дека станува збор за играчка, реплика на воздушен пиштол.

Полицијата во Кливленд соопшти дека била отстранета портокаловата ознака, по која играчките се разликуваат од вистинското оружје.

Момчето е застрелано во гради, а по операцијата им подлегнал на раните.