Свет По примирјето во Сирија, две лица загинаа, а две се повредени во...

По примирјето во Сирија, две лица загинаа, а две се повредени во самоубиствен бомбашки напад

Само неколку часа по прогласувањето примирје во Сирија, две лица загинаа, а две се повредени во самоубиствен бомбашки напад во град кој е под контрола на владините сили во централниот дел на земјата.

Според претседателот Башар ал Асад, борбите треба да престанат за да може помошта да стигне до цивилите и да се отворат разговорите за ставање крај на војната во која загинаа повеќе од 250.000 луѓе, а 11 милиони останаа без своите домови.

Примирјето не ги вклучува Исламска држава или Нусра фронт, групата која се поврзува со Ал каеда во Сирија.

Воените власти во Москва соопштија дека Русија прекинала со воздушните напади во согласност со договорот.

Опозициските активисти во различни делови од Сирија велат дека ситуацијата е „претпазливо мирна“ откако примирјето стапи на сила.