Подглавна секција По пожарот во фабриката за пластика во Осиек, квалитетот на воздухот и...

По пожарот во фабриката за пластика во Осиек, квалитетот на воздухот и натаму лош

Квалитетот на воздухот е загрижувачки и откажана е наставата во основните и средните училишта во Осиек и околната

Фото: Hrvatska vatrogasna zajednica

Квалитетот на воздухот во Осиек и околината беше оценет како „умерен и прифатлив“, но жупанскиот и градскиот штаб за цивилна заштита соопштија дека денеска „превентивно“ нема да се одржи настава во основните и средните училишта во Осиек, како и во некои околните градови до кои стигна чадот од изгорената фабрика за пластика на „Драва Интернешнл“, известува Индекс.хр.

Оваа проценa за квалитетот на воздухот се води по количината на ПМ-10 честички. Но, токсикологот Фрањо Плавшиќ посочува дека тоа не е единствениот начин на мерење на квалитетот на воздухот – може да се забележи зголeмената количина на други штетни хемикалии во воздухот. Имено, забележано е зголемено присуство на потенцијално опасни, токсични и/или канцерогени соединенија, како што се: формалдехид, бензен, толуен, етилбензен, ксилен, стирен, ацеталдехид, фуран и етилен.

„Формалдехидот е многу опасен. Се сеќавате ли на пожарот во Плитвице? Јас учествував во работата на тоа. Имаше многу формалдехид таму. Бензенот е многу канцероген. Толуенот е репротоксичен. Сепак, сè зависи од концентрациите и од човечко тело. Немам доволно податоци. Никој нема доволно за да може да каже нешто попрецизно. Но, јасно е дека тоа не е добро“, изјави Плавшиќ.

„Најдовме соединенија кои не се регулирани со нашата регулатива бидејќи воопшто не се очекува нивно присуство во воздухот“, дополни Снежана Бенкотиќ од Наставниот завод за јавно здравство во Осиек.

Дополнително, Плавшиќ посочува дека високите температури предизвикани од пожарите кои подземно во фабриката уште горат придонесуваат за добри услови за хемискиот процес преку кој се креираат органски молекули.

„Гасовите и чадот сега се пробиваат низ слоевите на земјата, и мислам дека ова е уште поопасно од претходната ситуација, кога чадот брзо се искачи во воздухот. Ова сега полека истекува од земјата, па подолго ќе се задржи во долните слоеви на воздухот“, објасни токсикологот.

Инаку, Звонко Беде, сопственикот на „Драва Интернешнл“, изјави дека тој не би имал никаков мотив за пожарот, но дека смета оти е подметнат. Дополнително, тврди дека имало обид по пожарот да се запали нивната канцеларија со сета документација, известува Индекс.хр.