Економија Пленарната расправа за ребалансот на буџетот ќе продолжи во 11 часот

Пленарната расправа за ребалансот на буџетот ќе продолжи во 11 часот

Собраниската седница за ребалансот на буџетот ќе продолжи денеска во 11 часот.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на првата пленарна седница, во вторникот, рече дека основната цел на ребалансот на буџетот е да се зголеми животниот стандард на граѓаните и да се поддржат домашните претпријатија.

Тој додаде дека при правењето на ребалансот имале одредени ограничувања, како што се склучување договори за тековни или идни проекти за кои ако се раскинат, државата ќе плаќа пенали. Затоа, скратиле на непродуктивни трошења, службени патувања, репрезентации и сл.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, посочуваат дека капиталните инвестиции се скратени за 58 милиони евра, а задолжувањето ќе се зголеми за 148 милиони евра.