Спорт Платини останува под суспензија, арбитражниот суд му ја отфрли жалбата

Платини останува под суспензија, арбитражниот суд му ја отфрли жалбата

Арбитражниот суд за спорт ја отфрилил жалбата на претседателот на УЕФА, Мишел Платини, со која тој бара да му биде укината суспензијата од 90 дена, јавува „Би-Би-Си“.

Поради суспензијата, на претседателот на УЕФА му се забранети какви било активности поврзани со фудбалот.

Платини и претседателот на Светската фудбалска организиација (ФИФА), Сеп Блатер, беа суспендирани на почетокот од октомври поради истрагите што се водат против нив под сомневање за корупција.

Двајцата ги отфрлија обвинувањата и тврдат дека не сториле ништо противизаконски.