Свет Писториус ќе излезе од затвор по 10 месеци

Писториус ќе излезе од затвор по 10 месеци

Олимпиецот Оскар Писториус на 21 август ќе биде пуштен на слобода, само 10 месеци откако беше осуден за убиството на својата девојка Рива Стинкамп, извршено пред две години на Денот на вљубените.

Писториус е осуден на пет години затвор, но ќе биде пуштен многу порано, поради „добро поведение“.

Како што јавуваат светските медиуми, иницијативата за намалување на казната и за неговото предвремено пуштање го покренале вработените во затворот во Преторија.

На спортистот му претстои сослушување пред апелацискиот суд, закажано за ноември. Се соочува со затворска казна од 15 години.

До сослушувањето, најверојатно, ќе биде во домашен притвор, во домот на својот вујко во Преторија. Движењето ќе му биде ограничено, што значи дека не да може да патува на спортски натпревари.