Македонија Пиши-бриши со спроведувањето итни мерки против аерозагадувањето во Скопје

Пиши-бриши со спроведувањето итни мерки против аерозагадувањето во Скопје

Градските советници од Скопје пред неколку недели усвоија одлука за спроведување на итни мерки против аерозагадувањето, но прашањето е што од овие мерки ќе се спроведе по денешните одлуки на Советот на град Скопје

Фото: Архива на Мета.мк

Градските советници од Скопје пред неколку недели усвоија одлука за спроведување на итни мерки против аерозагадувањето, но прашање е што од овие мерки ќе се спроведе по денешните одлуки на Советот на град Скопје. По тој повод, денеска реагираа од советничката група на „Зелен хуман град“.

„Уште од јануари 2023 година, „Зелен хуман град“ поднесе бројни мерки што градот треба да ги преземе за намалување на аерозагадувањето, мерки кои беа игнорирани. Во ноември 2023, поднесовме предлог-одлука на дневен ред за советот да ги изгласа истите мерки, и во тоа успеавме“, соопштија попладнево од „Зелен хуман град“.

„Само месец дена подоцна, градоначалничката на денешната седница се обиде преку Решение за запирање на мерките, да ги спречи истите. Советот не го изгласа решението на градоначалничката, и тука мислевме дека таа борба заврши и конечно ќе се пристапи кон имплементација на овие мерки“, додаваат од „Зелен хуман град“.

Но, многу брзо после ова, Советот на град Скопје не собра доволно број на гласови за да ги потврди мерките кои пред месец дена самите ги изгласа. Од „Зелен хуман град“ велат дека со овој чекор практично сега нивните мерки како да никогаш не постоеле.

И денес енормно загадување на воздухот во Скопје, да се почитуваат мерките