Свет Пет лица убиени и девет ранети за време на шиитски фестивал во...

Пет лица убиени и девет ранети за време на шиитски фестивал во Саудиска Арабија

Пет лица се убиени, а уште девет се ранети во вооружен напад на собир на шиитиски верници во источниот дел на Саудиска Арабија, соопшти саудиското министерство за внатрешни работи, пренесува „Би-Би-Си“.

Одговорноста за нападот ја презела група која тврди дека е поврзана со Исламска држава и себеси се нарекува Исламска држава – Бахреин.

Нападот се случил во градот Саихат, во саудиската Источна провинција, за време на фестивалот „Ашура“, кој го одбележуваат муслиманите-шиити, а кој почна пред два дена.

Од саудиското министерство за внатрешни работи соопштиле дека вооружен маж отворил оган кон верниците, по што интервенирала полицијата и го убила напаѓачот.