Хроника Петмина тетовци осомничени за насилство, двајца од нив завршиле во болница

Петмина тетовци осомничени за насилство, двајца од нив завршиле во болница

Тетовската полиција поднела пријава против пет лица, од кои четворица се товарат за насилство и едно за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Според полицијата, кон крајот на мај годинава, при меѓусебна тепачка, петтосомничениот со нож им нанал убодни рани на двајца од другите пријавени, кои поради сериозноста на повредите биле примени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана лекарска помош.