Свет Балкан Петков од Брисел: Европските лидери оценија дека Бугарија го направи својот чекор

Петков од Брисел: Европските лидери оценија дека Бугарија го направи својот чекор

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Европските лидери оценија дека Бугарија го направи својот чекор, порача бугарскиот премиер пред оставка Кирил Петков од Брисел, каде учествува во состанокот на Европскиот Совет, пренесе бугарската телевизија бТВ. Тој ја повика македонската влада „да ја поведе својата нација“.

Петков изјавата ја даде откако бугарскиот парламент денеска усвои резолуција за кревање на ветото. Резолуцијата го прифаќа францускиот предлог, но наметна уште неколку толкувања, што ќе бидат официјален став на земјата.

„Другото што го оценија е дека ова е решението што француското претседателство, ЕУ, реално го поддржува, признава и сфаќа дека бугарските очекувања сега стануваат европски. Сега е време владата на Република Северна Македонија да ја поведе својата нација. Тоа што од нив зависи во моментов е да кажат дека тие сакаат да се дел од Европската Унија и дека се подготвени да ги направат чекорите за тоа да стане реалност. Се надевам дека со помош на европската дипломатија, на партнерите од НАТО, ќе можат да ги надминат потешкотиите, нивни внатрешни, да ја поведат својата нација на патот кон Европа“, рече бугарскиот премиер пред оставка од Брисел.

Парламентот на Бугарија го направи претпоследниот чекор за кревањето на ветото, под 4 услови