Свет Европа Петиција во Словачка против тенковите на моторџиите „Ноќни волци“

Петиција во Словачка против тенковите на моторџиите „Ноќни волци“

Повеќе од 200 истакнати имиња од Словачка ја потпишале досега петицијата со која се бара од премиерот Петер Пелегрини да преземе мерки за растурање на кампот на моторџиската група „Ноќни волци“, која има свои ограноци во многу земји, а е основана во Русија и ужива сесрдна поддршка од рускиот претседател Владимир Путин.

Петицијата беше покрената откако преку снимки се дозна дека се дозна дека во логорот на „Ноќни волци“ во Долна Крупа, на околу 65 километри североисточно од главниот град Братислава, има тенкови, оклопни возила и противавионски топови.