Свет Европа Пет повредени при напад на железничка станица во Дизелдорф, еден од напаѓачите...

Пет повредени при напад на железничка станица во Дизелдорф, еден од напаѓачите е од поранешна Југославија

Најмалку пет лица се повредени откако четворица со секири синоќа почнале да напаѓаат случајни минувачи на главната железничка станица во Дизелдорф. Тројца од повредените се во тешка состојба.

Како што јавува „Раша тудеј“,полицијата успеала да фати двајца од напаѓачите, а другите се во бегство. Полицијата тврди дека еден од уапсените е од градот Вупертал, кој се наоѓа на 28 километри од Диселдорф, и оти најверојатно станува збор за личност со „ментални проблеми“.

Германските медиуми јавуваат дека во големата полициска акција биле вклучени и хеликоптери и оти еден од напаѓачите, бегајќи, скокнал од мостот, при што тешко се повредил. Полицијата го уапсила напаѓачот, кој, како што јавува „Раша тудеј“, е по потекло од поранешна Југославија.

Подоцна е уапсен уште еден маж, но засега не се знае дали е поврзан со нападот.

Полицијата засега случајот го води како нерасветлено насилство.