Видео Пет лица загинаа во земјотресот во Пакистан

Пет лица загинаа во земјотресот во Пакистан

Во земјотресот што вчера го погоди Пакистан загинаа пет лица, соопштија денеска локалните власти.

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала, забележан е во провинцијата Кибер Пактунква, на границата со Авганистан.

Во потресот се повредени пет лица и оштетени се околу 20 куќи.

Последниот силен земјотрес во Пакистан бил во октомври 2015 година, кога загинаа 280 лица и беа оштетени повеќе илјади куќи.