Свет Балкан Пет лица загинаа, а десетина се повредени во бомбашки напад во Анкара

Пет лица загинаа, а десетина се повредени во бомбашки напад во Анкара

Најмалку пет лица загинаа, а десет се повредни во бомбашки напад во главниот град на Турција, Анкара.

Како што јавуваат локалните власти, бомбата експлодирала од автомобил што во моментот се движел.

Како што изјавија властите, се верува дека бомбата била насочена кон конвој од воени возила.

Турската полиција направи кордон за безбедност околу целата област.

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој објави дека експлозијата се случила во близина на парламентот, зградата на владата и на генералштабот на турската армија и оти тоа е „акт на тероризам“.