Свет Пет лица уапсени за нападот во Њујорк

Пет лица уапсени за нападот во Њујорк

Пет лица биле уапсени за можна поврзаност со експлозијата на рачно изработена бомба, која во саботата вечерта експлодира на Менхетен, јавуваат американските медиуми.

Федералните истражни органи откриле дека бомбата содржела тартин, експлозив кој често се користи за вежбање и може да се купи во продавници за спортска опрема.

Властите велат дека нема докази оти зад нападот стои некоја меѓународна терористичка група.

Во експлозијата која се случи во квартот Челси, повредени беа 29 лица. Вчера градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо, изјави дека бомбата била терористички акт.