Македонија Периодот на изолација да трае седум наместо десет дена, предлага Кризниот штаб

Периодот на изолација да трае седум наместо десет дена, предлага Кризниот штаб

Фото: Vladimir Fedotov on Unsplash

Главниот координативен кризен штаб синоќа ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од ковид-19, информираат оттаму.

„На седницата се дискутираше и се усвои препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена. Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот“, соопштуваат од Главниот кризен штаб.

Препораката е доставена до Владата и треба да биде дискутирана на следната владина седница.