Свет Европа Пенс во Брисел на средби со врвот на ЕУ и на НАТО

Пенс во Брисел на средби со врвот на ЕУ и на НАТО

Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска во Брисел ќе разговара со лидерите на ЕУ и на НАТО, со што ја завршува посетата на Европа, на која требаше да ги убеди европските сојузници дека САД цврсто го поддржуваат НАТО и да побара Русија да ги почитува своите обврски за ставање крај на борбите во Украна.

Во пресрет на посетата на Брисел, Пенс рече дека „се радува“ на средбите со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Американскиот потпретседател претходно учествуваше на конференција за безбедност во Минхен, на која на многу европски лидери и експерти за безбедност им соопшти дека „САД се и секогаш ќе бидат нивни најголем сојузник“.

– Претседателот на САД, Доналд Трамп, и нашиот народ искрено се посветени на трансатлантската унија – рече Пенс.