Свет Европа Пенс и Могерини за подлабока соработка на САД и на ЕУ

Пенс и Могерини за подлабока соработка на САД и на ЕУ

Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска, на почетокот на средбата со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, изјави дека неговата земја ќе ги истражи начините за продлабочување на осносите со Европската Унија.

Пенс ги почна состаноците со претставниците на ЕУ и на НАТО со средба со Могерини во Брисел, во време да длабок скептицизам меѓу европските членки за насоката на надворешната политика на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Трамп минатата година изрази поддршка за Брексит, а неодамна изјави дека ЕУ наскоро би можела да се распадне.

Пенс за време на викендот изрази силна поддршка на американската администрација кон НАТО.