Македонија Пендаровски ќе му го довери мандатот на Заев иако е неизвесно со...

Пендаровски ќе му го довери мандатот на Заев иако е неизвесно со кого ќе коалицира СДСМ

Утре во 12 часот, претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе го му довери мандатот за состав на Влада на Зоран Заев, во име на коализијата „Можеме“ којашто освои најголем број пратенички мандати во Собранието, соопштија од претседателскиот кабинет.

Како што велат оттаму, Заев веќе го информирал претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата.

Сè уште е неизвесно со кого ќе коалицира СДСМ, имајќи предвид дека пред само неколку дена неуспешно завршија преговорите помеѓу партиите.