Свет Пекинг го осуди минувањето на американски брод низ Јужното Кинеско Море

Пекинг го осуди минувањето на американски брод низ Јужното Кинеско Море

Кина денеска остро го осуди минувањето на американски воен брод покрај кинескиот вештачки остров во Јужното Кинеско Море, оценувајќи го тоа како провокација и закана за суверенитетот на земјата.

Американскиот брод денеска мина на околу 12 наутички милји од островот Јонгшу, потврди Пентагон.

Пекинг смета дека целото Јужно Кинеско Море е дел од кинеската територија, но делови од морето, за свои ги сметаат и Виетнам, Филипини, Тајван, Малезија и Брунеи.

Кина од 2013 година го забрза создавањето на вештачкиот остров, на кој гради згради, пристаништа и писти доволно големи за бомбардери и за борбени авиони.

САД не ја признаваат кинеската сувереност на тоа подрачје и се противат на градењето вештачки острови во тие стратешки води.