Главна секција Павлопулос: Грчкото вето за влез во НАТО и во ЕУ останува

Павлопулос: Грчкото вето за влез во НАТО и во ЕУ останува

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос изјави дека Грција не планира да го поништи ветото за Македонија за влез во ЕУ и за НАТО сè додека не се реши спорот за името.

Павлопулос, за време на посетата на гробовите на Античка Македонија, во близина на северниот грчки град Негуш, истакна дека тие што го оспоруваат грчкиот идентитет на Македонија не можат да очекуваат дека Атина ќе го тргне ветото и ќе им дозволи да влезат во Европската Унија и во НАТО.

– Ова е свето место за грчката нација и со непобитни историски докази го покажува безвременскиот грчки карактер на Македонија. Циниците, фалсификатори на историја, кои, за жал, се следбеници и наследници на културата на тоталитарни режими, како што тоа може да се види од неодамнешното брутално однесување кон бегалците, немаат право да се прават пријатели со Грција и, уште повеќе, незамисливо е што се залажуваат себе дека со таквите ставови може да влезат во ЕУ и во НАТО. Грчкото вето е поставено и нема преговори за тоа – посочи Павлопулос.