Подглавна секција Папата Франциск ја именува Натали Бекарт за потсекретар во Синодот, прва жена...

Папата Франциск ја именува Натали Бекарт за потсекретар во Синодот, прва жена во Ватикан на оваа функција

papa Francisk> od posetata na Skopje, 7 maj 2019

Папата Франциск ја именуваше французинката Натали Бекарт за потсекретарка на бискупскиот Синод. Таа е прватa жена во Ватикан на оваа функција, која ќе има право на глас, пишува лондонски „Гардијан“.

Натали Бекарт е една од двајцата нови потсекретари именувани во Синодот, бискупско тело кое ги проучува главните прашања на доктрина на Римокатоличката црква, каде беше советник од 2019 година. Таа е член на сестринството Ксавиер од Франција.

Кардиналот Марио Грец, генералниот секретар на синодот, изјави дека со нејзиното именување се сигнализира желбата на понтифот за „вечно учество nа жените во процесот на разгледување и носење на одлуки во црквата“. Синодот го водат бискупи и кардинали кои имаат гласачко право, како и стручни лица кои не можат да гласаат.

Папата Франциск најави дека сака да го рефoрмира Синодот и да ја зголеми неговата улога во црквата. Тој го именуваше Шпанецот Луис Марина де Сан Мартин за втор потсекретар.