Свет Европа Пад на електронскиот систем ги откажа летовите на „Бритиш ервејс“

Пад на електронскиот систем ги откажа летовите на „Бритиш ервејс“

Авиокомпанијата „Бритиш ервејс“ ги откажа сите летови од лондонските аеродроми Гетвик и Хитроу поради проблеми со компјутерскиот систем.

Како што наведуваат британските медиуми, на патниците им е речено да не патуваат од аеродромите на британската престолнина поради големите гужви на терминалите.

Сите авиони на „Бритиш ервејс“ се приземјени.

Од компанијата соопштуваат дека големиот системски пад предизвикал прекин на работата на операторите низ целиот свет.