Здравје Пациент во „8 Септември“ со нож пробол вработен во болницата

Пациент во „8 Септември“ со нож пробол вработен во болницата

Според пријавеното, напаѓачот претходно во ходникот агресивно се однесувал и кон вработена во болницата

Фото: ГОБ „8 Септември“

Седумдесет и седум годишен пациент од Скопје, кој е пациент во градската општа болница „8 Септември“, вчера со нож пробол вработен во болницата, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Вчера во 19:47 часот, од ГОБ „8 Септември” е пријавено е дека Д.Т.(36) од Скопје, вработен во болницата, се здобил со повреда откако со нож му била нанесена расеченица од М.Н.(77) од Скопје, пациент во болницата“, информираат во МВР.

Според пријавеното, додаваат оттаму, напаѓачот претходно во ходникот агресивно се однесувал и кон вработена во болницата.

„Полициски службеници излегле на местото на настанот, а во координација со јавен обвинител по целосно документирање на случајот против М.Н. ќе биде поднесен поднесок по чл.304-г од Законот за здравствена заштита, се додава во информацијата од МВР.