Македонија Отворена 24 часовна телефонска поддршка за зависниците од алкохол

Отворена 24 часовна телефонска поддршка за зависниците од алкохол

Секој ден во текот на 24 часа ќе работи телефонската линија, преку која Здружението на клубови на лекувани алкохоличари на РМ со поддршка од Град Скопје ќе им нуди психолошка поддршка на лицата зависни од алкохол, како и на оние од бихејвиорална зависност, за време на корона кризата.

Лицата може да се јавуваат на телефонскиот број 072 809 809.

Активностите ќе ги реализираат прим.др. Павлина Васкова, невропсихијатар; др. Оливера Суботин Поповска, психијатар; др. Севиме Салахи Пашоли, психијатар и Илинка Васкова, психолог.