Uncategorized Отворање контакт-центар на граничните полиции на Македонија и на Косово

Отворање контакт-центар на граничните полиции на Македонија и на Косово

Министерката за внатрешни работи на Република Македонија, Гордана Јанкуловска, денеска на граничниот премин Долно Блаце, заедно со својот косовски колега, Скендер Исени, ќе го отвори новиот заеднички контакт-центар на граничните полиции на двете земји.

На промовирањето на контакт-центарот ќе присуствува и амбасадорот на ОБСЕ во Република Македонија, Ралф Брет.