Македонија Отстранета импровизираната експлозивна направа од Собранието

Отстранета импровизираната експлозивна направа од Собранието

Одделот за антитероризам при МВР ја подигнал импровизираната експлозивна направа од Собранието за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Оттаму додадваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Вчера, во 17.28 часот, во Единицата за информирање и команда (ЕИК) Скопје, началникот на обезбедувањето на Собранието пријавил дека во ходникот на првиот кат е пронајдена импровизирана експлозивна направа, петарда со фитиљ кој бил залепен со леплива лента на плинска боца за полнење запалки.