fbpx

Во ходникот на Собранието била пронајдена импровизирана експлозивна направа

-

Денеска во Собранието, во ходникот на првиот кат, била пронајдена импровизирана експлозивна направа, потврдија за „Мета“ од МВР.

Оттаму велат дека станува збор за петарда со фитиљ, кој со леплива лента бил врзан за голема плинска боца за полнење запалки.

„Во 17.28 часот, во Единицата за информирање и команда (ЕИК), началникот на обезбедувањето на Собранието, Горан Јарчевски, пријави дека во ходникот на првиот кат во Собранието била пронајдена импровизирана експлозивна направа, петарда со фитиљ кој со леплива лента бил врзан за голема плинска боца за полнење запалки“, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека е известен одделот за антитероризам на МВР и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...