Македонија Откриени шест мигранти по сообраќајка во Струмица, обвинителството отвори истрага

Откриени шест мигранти по сообраќајка во Струмица, обвинителството отвори истрага

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција истражува случај на шверц на мигранти, што бил откриен вчера, по сообраќајна несреќа што се случила во Струмица.

Како што информираат од обвинителството, македонски државјанин, управувајќи патничко возило, изгубил контрола и удрил во столб од уличното осветлување во Струмица. При вршење на увидот од страна на надлежните, во возилото биле затекнати шест мигранти.

„Утврдено е сторено кривично дело криумчарење мигранти, за кое Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе постапка. Во тек е преземање на активности за утврдување на фактите во предметот, меѓу кои и распит на мигрантите – учесници во сообраќајна незгода“, стои во соопштението од обвинителството.