Свет Осум загинати во самоубиствен напад во Багдад

Осум загинати во самоубиствен напад во Багдад

Во самоубиствениот напад со автомобил бомба на полициски пункт во Багдад загинаа осум лица. Нападот се случи еден ден по бомбашкиот напад во истиот кварт, во кој настрадаа 12 лица.

Полициски претставник соопшти дека напаѓачот удрил со автомобилот полн со експлозив во контролниот пункт во шиитскиот кварт Ал Рашиди во североисточниот дел на ирачката престолнина. Во нападот загинаа осум, а повредени се 20 лица.

Во истиот дел на градот, вчера во самоубиствен напад на пазар загинаа 12, а повредени беа 37 лица.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.