Свет Осум загинати при експлозии на автомобили-бомба во Багдад

Осум загинати при експлозии на автомобили-бомба во Багдад

Најмалку осум лица загинаа во два напади со автомобили-бомба во Багдад, јавуваат ирачките безбедносни служби.

Првата бомба експлодирала на паркиралиште спроти болницата Јармук, при што четири лица загинаа, а 10 се ранети. Друга експлозија одекнала во станбен кварт при што убиени се четири лица, а ранети се 13.