Главна секција Oсмани: ДУИ ќе влезе во владата на СДСМ

Oсмани: ДУИ ќе влезе во владата на СДСМ

Демократската унија на Албанците на седницата на централното претседателство одлучи да учествува во новата влада предводена од СДСМ, образложи портпаролот Бујар Османи по полноќ.

– ДУИ одлучи да ја почитува волјата на граѓаните и да учествува во владата. Бараме Иванов да го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев – рече Османи во текот на состанокот на централното претседателство на ДУИ во партиското седиште во Мала Речица.

Според него, таква е волјата на мнозинството Албанци во Македонија. Османи рече дека ДУИ останува посветена на точките од декларацијата на Албанците, за која нагласи дека е потпишана во Скопје. Тој рече и дека декларацијата, односно платформата, не го загрозува унитарниот карактер на државата и не отстапува од Уставот и Охридскиот рамковен договор.