Свет Балкан Орбан најави ограда и на границата со Романија

Орбан најави ограда и на границата со Романија

Унгарија ќе подигне ограда и долж деловите на својата граница со Романија, соопшти денеска премиерот Виктор Орбан.

– Донесена е одлука за подигнување ограда и на границата со Романија – рече Орбан.

Романија денеска го повика унгарскиот амбасадор поради планот на Будимпешта да ја продолжи граничната ограда кон Романија за да го спречи приливот на мигранти што се обидуваат да стигнат до Северна Европа.

Унгарските војници, полиција и инженери го обележуваат патот на оградата на јужната граница со Романија и се подготвуваат да ја продолжат металната бариера изградена на линијата на разграничување со Србија.