Дописници Општината Свети Николе воведува електронска проверка на данок

Општината Свети Николе воведува електронска проверка на данок

Преку електронска апликација Е-даноци, поставена на општинската страна, граѓаните на Општина Свети Николе ќе можат да проверат неколку параметри за даноците кон општината.

Даночните обврзници ќе можат да ја проверат состојба преку преглед на финансиска картица на сите задолженија и уплати на данок на имот, преглед на имотот што го поседуваат, а ќе можат да направат преглед на реализирани предмети во даночното одделение за наследство, подарок и купопродажба.

„На решенијата за данок на имот за 2019 година, заедно со флаерите за пристап, во долниот десен агол граѓаните имаат лозинката со која можат да се најават во системот на е-даноци“, објаснуваат од општината.

Даноците, инаку, се специјалност на градоначалникот Сашо Велковски, кој е долгогодишен вработен во Управата за јавни приходи. Досегашниот процент на собрани даноци е околу 85 отсто.