Дописници Општина Прилеп им изрази сочувство на семејствата на загинатите полицајци

Општина Прилеп им изрази сочувство на семејствата на загинатите полицајци

Пo немилите настани што се случија вчера во Куманово, во кои загинаа осум полицајци, со порака на сочувство до семејствата на загинатите полицајци се огласи и Општина Прилеп.

„Со длабока жал и тага ја прифативме веста за загинатите и повредени припадници на безбедносните сили. Општина Прилеп им изразува сочувство на фамилиите на загинатите херои, кои се наша гордост и секогаш ќе бидат врежани во срцата и во меморијата на сите нас. Како Општина, се гордееме со храброста и со пожртвуваноста на припадниците на МВР кои храбро застанаа на браникот на татковината, разбивајќи една од најмоќните терористички групи на Балканот. Лично, како градоначалник, во овие тешки моменти, кога се нападнати и загрозени суверенитетот, безбедноста и слободата на македонските граѓани, ги повикувам и ги замолувам граѓаните, без оглед на нивната национална, верска, политичка или друг вид припадност, да ја зачуваат присебноста, мирот и соживотот, кои се основни постулати во функционирањето на државата. Македонија е наша заедничка татковина и главна цел на сите е стабилна, просперитетна, економски моќна држава, држава која ќе биде дел од евроатланските интеграци“, се вели во соопштението од Општина Прилеп.