Македонија Општина Гази Баба апелира да не се користат возила во регионите погодени...

Општина Гази Баба апелира да не се користат возила во регионите погодени од невремето

Општината Гази Баба ги повика граѓаните да избегнуваат да користат возила во регионите кои најмногу се погодени од поплавите за да не се отежнува движењето на механизацијата која работи на санација.

„Се апелира до граѓаните од настраданите места во општина Гази Баба: Смилковци, Црешево, Виниче, Страчинци, Стајковци, Брњарци, Сингелич, Ченто, Економија, Инџиково и од останатите населени места во општината и пошироко, што помалку да ги користат возилата на патните правци Ченто – Сингелиќ – Стајковци и Ченто – Економија, бидејќи се отежнува движењето на механизацијата која треба да стигне до местата каде што треба да интервенира“, стои во соопштението и се додава дека во итни случаи како алтернативен пат да се користи обиколката на градот Скопје.