Хроника Опожарено возило на битолчанец

Опожарено возило на битолчанец

Ноќеска, околу 2 часот, на улицата 25 во Битола бил опожарен автомобил, марка „даихатсу“, сопственост на Р.А. (35), жител на градот, соопшти полицијата.

Од полицијата засега немаат информации околу причините за палењето на возилото.

Нивни екипи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.