Свет ОН повика на прекин на борбите во Алепо

ОН повика на прекин на борбите во Алепо

Обединетите нации повикаа на итен прекин на борбите во Алепо за на жителите да им се осигура хуманитарна помош и да се поправи електроенергетскиот систем.

Светската организација предупреди дека недостигот на вода во градот и особено високите температури дополнително ги загрозува децата во градот, кој е по опсада и постојани напади.

Од почетокот на конфликтот во Сирија загинаа 290 илјади лица, од кои 84.000 се цивили од кои 15.000 се деца.