Свет ОН нема да го набљудуваат курдскиот референдум во Ирак

ОН нема да го набљудуваат курдскиот референдум во Ирак

Обединетите нации нема да се мешаат во референдумот за независност на автономниот курдски регион на северот на Ирак, планиран за 25 септември, соопшти денеска светската организација.

Соопштението на специјалната мисија на ОН во Ирак може да отвори сомнежи за веродостојноста на гласањето, што веќе предизвика критики од централната влада во Багдад и од неколку западни земји.

Претседателот на курдскиот регион, Масуд Барзани, минатата недела изјави дека гласањето треба да одлучи дали регионот ќе се отцепи од Ирак.

Гласањето ќе се одржи во три области кои го сочинуваат курдскиот регион и во областите околу кои се спорат Курдите и централната влада.